ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА БРОКЕРИ ВО БРОКЕРСКО ДРУШТВО

HeadHunting.mk за потребите на свој клиент, брокерска компанија која ги проширува своите деловни операции и во Македонија, објавува оглас за вработување на:

  1. БРОКЕР на финансиски инструменти

Квалификации:

  • Амбициозност, професионалност и доверливост во работата
  • Желба за усовршување во светот на финансиите
  • Претставителна личност со личен интегритет
  • Активно познавање на финансиските текови во земјата и светот, следење на информации.
  • Факултетско образование во областа не е задолжително, но се смета за предност.
  • Работното искуство во областа се смета за предност
  • Поседување на брокерска лиценца се смета за предност.

Кандидатите треба да бидат комуникативни, да имаат желба за работа со луѓе и да покажат посветеност кон обезбедување на врвна услуга кон клиентите.

Предвидениот компензациски пакет ќе зависи од нивото на квалификација на кандидатите и нивното работно искуство во областа. За нето-платата и предвидените бонуси ќе разговараат директно со менаџментот на брокерското друштво клиент.

Вашите CV-a со кои би аплицирале за оваа позиција може да ги испратите на: cv@headhunting.mk надоцна до 25.01.2025 година со назнака: “Апликација за Брoкер”.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *