АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА ВРАБОТУВА АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК И СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

HeadHunting.mk за потребите на свој клиент, Адвокатска канцеларија со седиште во Скопје (центар) која работи со посебен фокус на деловното право, објавува оглас за работните позиции: 1. Адвокатски приправник и 2. Стручен адвокатски соработник.

Адвокатската канцеларијата нуди:

  • Можност за личен и професионален развој
  • Градење на адвокатска кариера со специјализација во повеќе области, посебно во делот на деловно и трговско право, трудово право, договори и правни дела,
  • Пријатни услови за работа и тимска работна атмосфера
  • Напредок во износот на плата со договорена динамика со избраниот кандидат

Минимална предвидена плата за позицијата приправник е 25.000 денари, додека за позицијата стручен адвокатски соработник ќе биде дискутирана на самото интервју согласно квалификациите и очекувањата на кандидатите.

Доколку кандидатот покаже особен интерес и знаење во извршување на задачите и обврските, Адвокатската канцеларија е спремна да понуди соодветен компензациски пакет на барањето на кандидатот.

Огласот е отворен до 10.08.2025 г.

Ве молиме Вашето CV или мотивациско писмо да го испратите на: cv@headhunting.mk со назнака дека аплицирате за позицијата “Адвокатски приправник”  или “Стручен соработник”

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *