АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА ВРАБОТУВА АДВОКАТ И АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК

HeadHunting.mk за потребите на свој клиент, Адвокатска канцеларија со седиште во Скопје (центар) која работи со посебен фокус на деловното право, објавува оглас за работните позиции: 1. Адвокат и 2. Адвокатски приправник.

  1. Квалификации за работната позиција: Адвокат
  • Професионалност, доверливост и изразенo запазување на детали
  • Работно искуство од 3 години после положен правосуден испит
  • Солидно и активно познавање на англиски јазик

Предвидената минимална нето плата за позицијата изнесува: 35.000 денари.

Доколку кандидатот има поголемо работно искуство од потребното за квалификација или покаже исклучително познавање од областа на работата, адвокатската канцеларија е спремна за динамично зголемување на нето-платата.

2. Работна позиција: Адвокатски приправник

Адвокатската канцеларијата нуди:

  • Можност за личен и професионален развој
  • Градење на адвокатска кариера со специјализација во повеќе области, посебно во делот на деловно и трговско право, трудово право, договори и правни дела,
  • Пријатни услови за работа и тимска работна атмосфера
  • Напредок во износот на плата со договорена динамика со избраниот кандидат

Минимална предвидена плата за оваа позиција е 25.000 денари.

Доколку кандидатот покаже особен интерес и знаење во извршување на задачите и обврските, Адвокатската канцеларија е спремна да понуди соодветен компензациски пакет на барањето на кандидатот.

Огласот е отворен до 25.01.2025 г.

Ве молиме Вашето CV или мотивациско писмо да го испратите на: cv@headhunting.mk со назнака дали аплицирате за позицијата “Адвокат” или “Адвокатски приправник”.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *