Оглас за Администратор на бази на податоци

За потребите на наш клиент – реномирана банка во Македонија, во потрага сме по мотивиран и искусен професионалец за позицијата: Администратор на бази на податоци

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Планирање, инсталација, конфигурација, администрација и одржување на Oracle бази на податоци во Single Instance и RAC околина

  • Одржување на физичкиот и логичкиот интегритет на базите на податоци

  • Управување со просторот за складирање на податоци

  • Управување со безбедноста и сигурноста на базите на податоци

  • Backup & Restore активности

  • Периодично архивирање на off-site backup локација

  • Репликација на бази со Oracle Data Guard, тестирање и повторно воспоставување

  • Инсталација и конфигурација на Oracle клиентски софтвер

  • Изготвување и почитување на технички упатства и процедури

  • Извршување на активности за одржување вон редовно работно време (по потреба, вклучително сабота и недела)

  • Приправност за интервенција по повик во случај на проблеми со базите на податоци

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено високо образование во областа на информатика / ИКТ
    (ПМФ, ФЕИТ, ФИНКИ или сродни факултети)

  • Одлично познавање на англиски јазик

  • Минимум 2 години искуство со Oracle Database 11g/12c, MS SQL Server, Linux OS, MS Windows Server OS и со SQL и PL/SQL

  • Поседување на Oracle сертификати ќе се смета за значајна предност

ШТО СЕ НУДИ:

  • Редовен работен однос во стабилна и реномирана банкарска институција

  • Работно време: 40 часа неделно (понеделник – петок)

  • Нето плата во распон од 75.000 до 90.000 МКД, во зависност од искуството и компетенциите

  • Работа во професионална ИТ средина со високи стандарди за сигурност и квалитет

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат најдоцна до 15.01.2026 година со испраќање на нивното CV на следнава е-маил адреса: CV@headhunting.mk , со subject на маилот: Апликација за Администратор на бази на податоци

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *