Оглас за овластен сметководител

За потребите на наш клиент, реномирана и етаблирана домашна компанија која е лидер во својата индустрија,  HеadHunting.mk бара Овластен сметководител кој ќе ја пополни позицијата одговорно лице за сметководство и финансии.

Клучни одговорности:

  • Организација и управување со целокупниот сектор за сметководство
  • Водење на материјално и финансиско сметководство
  • Подготовка и потпишување на завршна сметка
  • Анализа и усогласување на финансиски извештаи
  • Контрола на побарувања, обврски и усогласување со коминтенти
  • Подготовка и контрола на ДДВ и даночни пријави
  • Изработка и доставување извештаи до надлежни институции
  • Управување со залихи и контрола на книговодствена документација

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на економски науки
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Минимум 10 години релевантно работно искуство
  • Искуство во материјално-финансиско сметководство
  • Одлично познавање на МСС / МСФИ и даночна регулатива
  • Напредно користење на MS Office (особено Excel)
  • Искуство со ERP системи
  • Силни аналитички, организациски и комуникациски вештини
  • Висока работна етика, доверливост и одговорност

Што клиентот нуди:

  • Конкурентна плата: 90.000 – 120.000 МКД (во зависност од искуство)
  • Флексибилно работно време (понеделник – петок)
  • Работа во стабилна и развојно ориентирана компанија

Заинтересираните за оваа позивија ги повикуваме да ни ги испратат нивните CV-a на маил адресата: CV@headhunting.mk ; со subject на маилот: “Овластен сметководител” , најдоцна до 20.04.2026 година.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *