Се вработуваат сервис инженери и сервис техничари

HeadHunting.mk за потребите на свој клиент, водечка сервисна компанија за машини за производство за мебел, објавува оглас за вработување на:

ПОЗИЦИЈА 1 : СЕРВИС ИНЖЕНЕР, во областа на инсталирање, тренинг, одржување на машини во дрвна индустрија.

Квалификации:

  • Образование како Машински инженер-Мехатроничар предност или ВСС од областа на електро, електромашински или машински насоки.
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Б категорија возачка дозвола
  • Познавање и читање на електрични шеми и ракување со основни рачни електрични машини и електронски мерни инструменти.

    Предвидена нето плата:
    од 900€ -1200€ плус бонуси, висината зависи од нивото на стручната подготвеност за извршување на работните задачи.

ПОЗИЦИЈА 2. СЕРВИС ТЕХНИЧАР, во областа на инсталирање и одржување на машини во дрвна индустрија.

Квалификации:

  • ССС од областа на електро, електромашински или машински насоки.
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Б категорија возачка дозвола
  • Познавање и читање на електрични шеми и ракување со основни рачни електрични машини и електронски мерни инструменти.
  • Познавање и работа со техника на заварување.
  • Со или без работно искуство.

Предвидена нето плата: од 700€  до 900€ плус бонуси, висината зависи од нивото на стручната подготвеност за извршување на работните задачи.

Работни услови за двете позиции:

Терен 80% / Канцеларија 20%.
Терен: 80% низ Македонија, Косово, Албанија, 20% други земји.

Доколку сте заинтересирани за некоја од позициите и ги исполнувате посочените квалификации, Ве молиме пратете ни е-маил со Вашето име и презиме и телефонски број за контакт на следнава е-маил адреса: cv@headhunting.mk или контактирајте не со порака на некој од следниве броеви: 079 353 634  или 070 865 897

Огласот е отворен до: 25.05.2024

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *