Се бара Раководител на повикувачки центар

За потребите на наш клиент, успешна компанија од финансискиот сектор, бараме искусен и мотивиран Раководител на повикувачки центар кој ќе го преземе управувањето со тимот и ќе придонесе кон унапредување на оперативните резултати.

Клучни одговорности

  • Организација и координација на секојдневното работење на повикувачкиот центар;
  • Следење на перформансите и KPI индикаторите;
  • Подготовка на извештаи и анализа на резултатите;
  • Водење, мотивирање и развој на тимот;
  • Имплементација на активности за подобрување на ефикасноста;
  • Координација со останатите организациски единици.

Потребни квалификации

  • Искуство во управување со тим, по можност во call center или финансиски сектор;
  • Одлично познавање на Microsoft Excel;
  • Искуство во работа со KPI и анализа на резултати;
  • Развиени лидерски, организациски и аналитички вештини;
  • Способност за работа во динамична средина и ориентација кон резултати;
  • Познавање на српски јазик и/или албански јазик ќе се смета за предност.

Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство во банкарскиот или финансискиот сектор.

Компанијата нуди

  • Конкурентен пакет на примања (околу 1200 евра нето);
  • Бонуси врз основа на постигнатите резултати;
  • Можности за професионален развој и напредување;
  • Современа и динамична работна средина.

Аплицирање

Доколку сте заинтересирани за оваа можност, испратете го вашето CV на cv@headhunting.mk со назнака „Раководител на повикувачки центар“ најдоцна до 05.07.2026.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *