За потребите на наш клиент, успешна компанија од финансискиот сектор, бараме искусен и мотивиран Раководител на повикувачки центар кој ќе го преземе управувањето со тимот и ќе придонесе кон унапредување на оперативните резултати.
Клучни одговорности
- Организација и координација на секојдневното работење на повикувачкиот центар;
- Следење на перформансите и KPI индикаторите;
- Подготовка на извештаи и анализа на резултатите;
- Водење, мотивирање и развој на тимот;
- Имплементација на активности за подобрување на ефикасноста;
- Координација со останатите организациски единици.
Потребни квалификации
- Искуство во управување со тим, по можност во call center или финансиски сектор;
- Одлично познавање на Microsoft Excel;
- Искуство во работа со KPI и анализа на резултати;
- Развиени лидерски, организациски и аналитички вештини;
- Способност за работа во динамична средина и ориентација кон резултати;
- Познавање на српски јазик и/или албански јазик ќе се смета за предност.
Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство во банкарскиот или финансискиот сектор.
Компанијата нуди
- Конкурентен пакет на примања (околу 1200 евра нето);
- Бонуси врз основа на постигнатите резултати;
- Можности за професионален развој и напредување;
- Современа и динамична работна средина.
Аплицирање
Доколку сте заинтересирани за оваа можност, испратете го вашето CV на cv@headhunting.mk со назнака „Раководител на повикувачки центар“ најдоцна до 05.07.2026.
