Се вработува сервисер за клими, топлотни пумпи и VRV системи

HeadHunting.mk за потребите на свој клиент, компанија застапник на најголемиот светски производител на клима уреди, објавува оглас за вработување на сервисер за клими, топлотни пумпи и VRV системи.

Потребни квалификации:

  • Најмалку 3 години искуство во областа
  • Одлично познавање на  системите за климатизација, топлотни пумпи, VRV и HVAC
  • Активен возач (Б категорија)
  • Да биде вешт во работа со фреонски инсталации и струјни електрични инсталации.
  • Способност да установи дефект и причина за истиот
  • Способност да толкува шеми и работни планови

Работното време за позицијата е од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот. Компанијата нуди дополнително приватно здравствено осигурување и дополнителни квартални бонуси според учинокот и постигнатите резултати.

Предвидена нето плата за позицијата е помеѓу 45.000 и 60.000 денари во зависност од искуството и компетенциите на кандидатот.

Доколку сте заинтересирани за  позицијата и ги исполнувате посочените квалификации, Ве молиме пратете ни е-маил со CV или Вашето име и презиме и телефонски број за контакт на следнава е-маил адреса: cv@headhunting.mk

 или контактирајте не со порака на некој од следниве броеви: 079 353 634  или 070 865 897

Огласот е отворен до 20.06.2024

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *